Милиони тони отпад како последица на коронавирусот

од Milan1
356 прегледи

Пандемијата на коронавирус доведе до значително зголемување на количината на пластичен отпад ширум светот, пренесува агенцијата ДПА.

Според една проценка, околу 8,4 милиони тони пластичен отпад во 193 земји биле создадени за време на пандемијата до август, пишуваат експерти од Кинеската академија на науките во Зборникот на Националната академија на науките на САД (ПНАС).

За споредба, според Програмата за животна средина на ОН – УНЕП, луѓето произведуваат околу 300 милиони тони пластичен отпад годишно.

Тим научници проценуваат дека најголемиот дел од пластичниот отпад произведен за време на пандемијата на коронавирус доаѓа од болниците, околу 87,4 проценти, особено во азиските земји.

Маските и другата заштитна опрема за лична употреба сочинуваат 7,6 отсто од отпадот, покажува студијата објавена во понеделникот.

Дополнителен отпад вклучува и амбалажата во која се доставуваат нарачките направени преку Интернет, со 4,7 проценти.

„Пластичниот отпад му штети на морскиот живот и стана главен еколошки проблем”, пишуваат научниците.

Тие додаваат дека пандемијата на Ковид-19 доведе до зголемена побарувачка за пластика за еднократна употреба, што, според нив, „го зголемува притисокот врз глобалниот проблем со пластиката, кој веќе е надвор од контрола”.

Досега во океаните влегле 25.000 тони пластика создадена поради пандемијата.

Слични содржини