Неодамна во јавноста се шушкаше дека Марко Јариќ влегол во емотивна врска со Милица Тодоровиќ, а пејачката сега за првпат одлучи да се огласи по тој повод.
Милица вели дека не е точно дека таа и Марко се пар, и дека не го ни познава поранешниот кошаркар.
„Не знам од каде ви е тоа. Вистина е дека не го ни познавам човекот. Никогаш не сме имале можност да се запознаеме, а камоли да влеземе во врска“, рече пејачката за емисијата „Ексклузивно“.
По раскинувањето со актерот Петар Стругар, кое се случи минатата година, Милица Тодоровиќ не сакаше да открива нови детали за нејзиниот емотивен живот.