Милјана Рељиќ елиминирана во четвртфиналето на ОИ

од Milan1
43 прегледи

Македонската олимпијка Милјана Рељиќ загуби во четвртфиналната борба на теквондо турнирот на Олимписките игри во Париз од Либанката Летисија Ајун со 2-0 во рунди.

Рељиќ загуби во две неизвесни рудни со 9-8 во првата, а во втората беше 6-6, но бидејќи Либанката имаше удар во главата ја доби оваа борба.

Шансите за медал се уште не се загубени, бидејќи доколку Ајун победи во полуфиналето, нашата Рељиќ ќе има шанса преку репасажот да стигне до бронзениот медал.

Нашата натпреваурвачка приреди огромна сензација во првото коло на турнирот елиминирајќи ја двократната олимписка шампионка Џејд Џоунс од Велика Британија. Таа во категоријата до 57 килограми ја совлада третата фаворитка со 2-1 во рунди.

Слични содржини