Силни полициски сили и неколку олклопни возила патролираат вечерва во Подгорица, во очи на најавениот протест на опозицијата. Неколку стотина луѓе веќе се собраа на плоштадот во центарот на главниот град на Црна Гора.

f80327e6a9150ad0c106ab535d0ba2f5Како што пренесуваат црногорските медиуми, собраните извикуваат „Мило, крадецу“ и „Готов е“.

На протестите им се приклучија и лидерите на Демократскиот фронт Небојша Медојевиќ и Бранко Радуловиќ, како и пратеници од црногорскиот парламент.

Вчера полицијата со солзавец ги разби демонстрантите во центарот на Подгорица, имаше претепани и уапсени луѓе.

 

 

Слични содржини