Антонио Милошоски, пратеники од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил објави дека по иницијатива на неговта партија наскоро во Собранието ќе се расправа за пропаѓањето на Еуростандард Банка.
„Дали пропаѓањето на “Еуростандард Банка” е македонскиот втор “ТАТ” – кои фирми имале корист од милионски кредити, дали овие фирми биле блиски до фамилијата на власт и колку високи функционери, членови на владата, знаеле предвреме за стечајот на банката?Наскоро, по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието ќе расправа на оваа тема и ќе се откријат многу сериозни манипулации.“, напиша Милошоски.
https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/photos/a.670461269640009/3760098987342873/?type=3