Милошоски: Делумно сум задоволен од Османи

од Nikola Popovski
326 прегледи

Делумно сум задоволен од денешното излегување на Османи, но тој само прочита еден реферат и не ги објасни официјалните документи. Министерот да треба да ги сподели официјалните документи, кои уште во декември минатата година ги доставија до Софија, бара пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во гостувањето на Дневникот на Тв Сител.

Тој смета дека пратениците не треба да одат во МНР за да ги видат официјалните документи, туку дека шефот на дипломатијата треба да ги донесе во Собранието.

-Страв ми е да не биде предоцна, да не бидеме ставени пред свршен чин пред Бугарија. Затоа бараме заедничко учество во преговорите со официјална Софија. За отворање на Уставот, сметам дека таква обврска не треба да преземеме и не треба да додаваме други малцинства, вели Милошоски како одговор на прашањето дали треба Бугарите да се вметнат во македонскиот Устав.

Слични содржини