Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонио Милошоски со писмото повторно ги покани вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи да се појават пред пратениците и да ги објават предлозите од Бугарија.
-Во изминативе неколку месеци разговорите на релација Софија-Скопје станаа толку нетранспаренти, што јавноста е збунета и не знае дали на Договорот за добрососедство му се спрема нов анекс, нов акционен план или ново понижување? Оние уверувања дека потпишувањето на Договорот ќе ги решело сите спорови меѓу Македонија и Бугарија и ќе ги отворело портите на ЕУ, што пред 4 години ни ги даваа Заев и Димитров, денес се претворија во обвинувања за тоа кој сосед има поголема вина и за колку нови спорови се преговара.
Затоа крајно време е владините министри Османи и Димитров да ги симнат маските после Василица, да се појават во Собранието и да ги објават предлог-документите (анекси, акциони планови) кои се разменети помеѓу Софија и Скопје по однос на Договорот. Тогаш низ сериозна дискусија ќе се знае дали има достоинствен излез од овој ќорсокак, дали некој на Македонија И спрема ново анекс-предавство, и кој ќе поднесе оставка затоа што нефункциониот Договор наместо датум ни донесе вето на патот кон ЕУ, пишува Милошоски.
Време е да паднат маските после Василица❗
📌Во изминативе неколку месеци разговорите на релација Софија-Скопје станаа…
Posted by Antonio Miloshoski on Tuesday, 12 January 2021