Изборниот резултат од локалните избори каде што ВМРО-ДПМНЕ постигна одличен резултат е логичен след на развојот на настаните на овој Конгрес и самите резултати на локалните избори го определија претседателот Мицкоски како соодветен претседател кој што треба да биде реизбран од делегатите на Конгресот, истакна Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Сител телевизија.
Милошоски додаде дека според него со изборот на претседателот се отвора можноста да тој во одреден временски период да предложи кадровски решенија за другите органи на партијата посебно за ИК и очекува во таквите органи да има еден спој на искуство и освежување.
„Мислам дека ќе има подновувања во секој случај, но сепак да го оставиме тоа и нека биде едно пријатно изненадување во следниот период, за кое што сигурно јавноста ќе биде сведок и самата ќе го потврди и ќе го осознае“, рече Милошоски.
Милошоски посочи дека политичката доктрина на ВМРО-ДПМНЕ е изработена од повеќе стручни лица и Комисии, како што е проф. д-р. Трајко Славески, г-ѓа. Рашела Мизрахи, амбасадорот Марјан Ѓорчев, Илија Димовски и експерти од многу области.