Mилошоски: Kовачевски не е спремен да ги покаже „нон пејперот“ кој се договара со Бугарија

од Берта Китинска
229 прегледи

Од појавувањето на Бујар Османи пред Комисијата за надворешна политика, до денес имаме информации дека има веќе нацрт документ или така наречен „нон пејпер“ кој циркулира на релација Софија – Скопје и за кој во тек се и двајцата премиери и двајцата министри за надворешни работи. Очигледно е дека во овој момент Ковачевски не е спремен да ги покаже нацрт документите и тој „нон пејпер“ кој македонското МНР го има и го преговара со бугарското МНР, изјави Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Само интервју“ на Канал 5.

Милошоски посочи дека бугарската влада, дали кога ќе биде повикана кај претседателот Румен Радев или во Народното собрание се појавува на тие седници и дава образложение и меѓусебно се информираат и градат став, но македонската влада тврди дека е отчетна и транспарентна, но „кога ќе ја повикате во Собрание не се појавуваат“.

– Според Уставот, Владата треба да биде отчетна во Собранието кое има улога во надворешната политика и би било добро да се појават и можеби таму ќе добијат корисна идеја, можеби ќе се изгради и заедничка позиција, која во моментов недостасува. Затоа сметам дека појавувањето во собрание може да биде добро за процесот. Ние ги повикуваме во Собрание на тема на која и претходниот премиер беше во Собранието. Кога имаше нацрт договор во 2017 во јули Заев се појави во Собранието на затворена седница разговаравме на таа тема – изјави Милошоски.

Слични содржини