Милошоски: Нашите позиции во однос на САД и ЕУ се слични со позициите кои ги има Унгарија

од Milan1
62 прегледи

Потпретседателот на Собранието и член на ракводството на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, гостувајќи во Дневникот на „Сител“ рече дека македонската влада имала слични позиции кон САД и ЕУ како унгарската влада на чело со Виктор Орбан.

„Нашите позиции во однос на САД и ЕУ се слични со позициите кои ги има Унгарија во моментов. Имавме и неодамна заедничка конференција, јасно е дека се блиски односите и може да се каже традиционално, и Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Владата на Виктор Орбан, што може Унгарија да направи за да ни помогне во спорот кој што го имаме,“ вели Милошоски.

Милошоски ги нагласи напорите на Македонија за активна и присутна надворешна политика.

„Македонската надворешна политика секаде каде што има прилика, без разлика дали е тоа во Вашингтон, дали е во Будимпешта, дали е во Анкара, или во Берлин на средбата со канцеларот Шолц, или во Белград, или е во Приштина, или е во Брисел, води политика која што ќе има корист за Република Македонија на економски план, на меѓународен план, на безбедносен, на трговски, на економска размена, на инвестиции и секаде каде што ќе се отвори шанса, ќе бидеме активни и присутни, и сметам дека тоа е за поздравување што го прави владата, таквиот напор и на билатерално и на меѓународно ниво,“ истакна Милошоски.

Милошоски укажа на примерот на ЕУ и некои земји членки кои се воздржале при гласањето за воена помош за Украина.

„Тоа што ЕУ може да го направи или некои земји членки е тоа што го направија во случајот со доделувањето воена помош на Украина, кога имаше земји членки кои беа против, но беше издејствувано условно кажано, конструктивна апстиненција, за да се донесе одлуката. Но сепак тоа најмногу зависи од моторот на ЕУ, тоа е Франција и Германија, и тука не би ја потценил и Полска,“ истакна Милошоски.

Слични содржини