Пратеникот од ВМРО- ДПМНЕ, Антонијо Милошоски упати критика до Владата дека нивниот пристап е провизорен и со мала доза на суштина. Потоа додаде дека не можат да имаат доверба во Влада која не сака со нив да сподели еден Нон пејпер што бил испретен во 2017 година во Софија.
– Како ние да имаме доверба како пратеници кои што ги избрал народот, пратениците ја избрале владата а владата не сака со нас да сподели еден Нон пејпер кој што во декември бил испратен во Софија. Како да ги изградиме тие позиции во кои што вие сте го напишале вашето мислење, стручно лице го дополнило тоа мислење а вие не ни давате ниту право, ниту доверба како пратеници да дадеме сугестија за тој Нон пејпер кои што сакаме да биде во согласност со Декларацијата која што ова собрание ја усвои. Нас државата ни дава полна доверба со тоа што ни дава државни сертификати да имаме достап до секоја државна тајна, колку и да е класифициран тој документ, и ако државата ни дала доверба, тогаш зошто еден политичар кој што води државна институција, да не ни дава доверба. Еве можеби вие немате доверба во мене, можеби Никола Димитров нема доверба во вас, можеби граѓаните немаат доверба во владата, но зошто вие да немате доверба во пратеници на СДСМ и ДУИ, и тие се пратеници и ве гласале, со нив барем да споделите што има во тој Нон пејпер, вели Милошоски.
Милошоски истакна дека одлуката за преговори била условен бидејќи како што рече тој денеска немаше да се разговара на оваа тема, додавајќи дека Бујар Османи, Никола Димитров и Оливер Спасовски како тогашен технички министер на прес конференција пред македонската јавност изјавиле дека одлуката е без услов.
– Вие лично на прес конференција пред македонската јавност со Никола Димитров и Оливер Спасовски кажавте дека одлуката е без условна, а гледаме дека сега има 5+1, 3+1, 2+1 имаме услови кои што задираат дотаму што одат до Уставот на Република Македонија кој што е темел на политичкиот суверенитет на една држава, појасни Милошоски..
Милошевски не сметаа дека Бугарија има поинакви нови гледишта.
– На крајот од краиштата ако има добра волја и ова е за интерес и на Македонија и на Бугарија и на Европската унија, тогаш зошто новата бугарска влада ако има навистина поинакви гледишта не прифати да го потпише Договорот помеѓу Македонија и Фронтекст, вели Милошоски.