Милошоски: Освоивме 19 општини, Арсовска со мала предност пред Шилегов

од Nikola Popovski
451 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вечерва објави дека партијата досега издвојувала победа во 19 општини.

-Победивме во прв круг во Прилеп, Градско, Илинден, Јегуновце, Кратово, Виница… Водиме во Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода и можно е тука победа уште во прв круг. Исто така водиме и во Ѓорче Петров, објави Милошоски, додавајќи дека имаат предност во Битола и Гевгелија.

Во однос на град Скопје, Милошоски истакна дека кандидатката Данела Арсовска има минимална предност во однос на Петре Шилегов.

-Имавме големи притисоци и закани во Прилеп, Новаци и Неготино, рече Милошоски за Тв Канал 5.

Слични содржини