Милошоски: Пописот е неуспешен и некомплетен

од Nikola Popovski
198 прегледи

Пописот ваков каков што е во Република Македонија покажува алармантни бројки кои што се поразителни за сите општини освен за градот Скопје, и за целата држава, особено со тоа што имаме преголемо иселување. Пописот власта сака да го покаже како успех, иселувањето покажува дека истиот е неуспех, а бројката од 7.2% неизјаснети покажува дека овој попис е некомплетен, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер Антонио Милошоски.

Според него, пописните бројки се показател за неуспех бидејќи има силен бран на иселувања, имаме операција спроведена со низа забелешки, и со многу политика и затоа сметаме дека ваквите бројките секој има право во истите да се сомнева.

-Истиот ќе беше покомплетен доколку Државниот завод за статистика успееше секој оној кој што не се изјаснил по национална основа, вероисповед или мајчин јазик, да го регистрира и дефинира преку административните податоци кои државата ги има за секое лице. Во секој случај, сметаме дека бојкотот и тие кои повикуваа на бојкот го прави и самиот попис понекомплетен на штета на Македонците. Секој оној што се занимава со признавање или непризнавање од политички партии сметам дека ја промашува поентата и само прави нова манипулација од политичка гледна точка или можеби нова поделба помеѓу населението. Бројките и ДЗС, имаат обврска да бидат објавени според закон во Службен весник и тоа ќе биде направено, но начинот на кој се спроведени или обработени податоците и неуспехот да се дефинираат тие 7,2% ги прави бројките некомплетни, рече Милошоски на прес-конференција.

Слични содржини