Преговорите на работната група за измените во изборното законодавство согласно со договорот од Пржино, продолжуваат попладнево, изјави пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ којшто е дел од разговорите. 
– Мора да се каже дека преговорите се прилично напорни. Има различни позиции по различни прашања и тоа што ги прави позициите посложени е што одредени стојалишта на одредени политички партии многу често се менуваат, рече Милошоски.
– Го искористија вчерашното поднесување на законот за необјавување на прислушувани материјали како одреден изговор за застој во преговорите, но откако се договоривме тој закон да биде отворен и за дополнително обработување амандмани од страна на опозицијата да се разгледа заеднички, да биде истовремено разгледуван и со одредени закони преземени како обврска од ХЛАД поврзани со тн. свиркачи тогаш се откочи расправата за Изборниот законик, но заглави на првата точка и најважната за СДСМ, а тоа е прочистувањето на Избирачкиот список. Дали денеска тоа ќе овозможи некоја нова позиција или дали тоа ќе овозможи напредок во преговорите останува да видиме во текот на денешниот ден, рече Милошоски.