СЈО со секоја своја нова прес конференција покажува дека работи повеќе како политичко а помалку како обвинителско тело и со тоа се повеќе ги руши очекувањата на јавноста и довербата која му беше дадена преку партиите со Договорот од Пржино со кој што беше формирано ова обвинителство кое требаше да биде професионална и независна институција, вели Антонио Милошоски член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
– Станува јасно дека Специјалното јавно обвинителство со низа политички настапи, надвор од секаков правен контекст, го губи кредибилитетот кај јавноста. Граѓаните треба да знаат дека театралните прес-конференции имаат само една цел, а тоа е да го компензираат недостатокот од аргументи. Театралните прес конференции на СЈО имаат исто така цел да му дадат изговор и повод на Заев за некакви насилни протести и испади за време на собирите на одредена група на граѓани. Се разбира настапите на СЈО се замислени да го компензираат недостатокот од политичка програма и платформа на СДСМ. Всушност овие политички прес конференции на обвинителството, имаат и втора цел, а тоа е да ја компензираат празнината, односно непостоењето на докази во случаите кои ги работат – вели Милошоски.
Милошоски вели дека на на прес-конференциите на СЈО во недостаток од посилни аргументи присуствувале и странски амбасадори, а не ретко имале и консултации со нив за време на обработка на одредени предмети.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека е време СЈО да ја преиспита својата работа, да ги обмисли своите настапи, да не посветува толку време на филмски прес-конференции, туку повеќе време на обвинителни акти, на процедури, на законски норми, на професионално однесување за да може да го има кредибилитетот и основата според која е основано според Договорот од Пржино./извор Мета
