Вчерашните изјави дадени од вицепремиерот за евро интеграции Никола Димитров и јавно изнесената недоверба до неговиот доскорашен колега министерот за надворешни работи Бујар Османи, покажува дека и Димитров и Османи се само лице и опачина на една иста паричка која што во Владата во буквална смисла е интерес за нејзино опстанување односно личната кариера и интересот се пред интересите на државата и граѓаните на Македонија, вели Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија
Тој истакна дека тоа што го спомена Димитров, дека можен е уште еден штетен договор со Бугарија, само потврдува дека Никола Димитров однапред знаел за подготовката на ваквиот можен следен штетен договор со Бугарија, но додека бил функционер во Владата молчел, а откако видел дека нема да биде член на Владата се решил да прозбори што е неморално, но во секој случај ризикот од ваквиот договор не го намалува и затоа треба да биде сериозни и внимателни.
– Нашето мислење е дека и Димитров и Османи се истите ликови кои што од 2018 година до денес најавуваат датуми за членство во ЕУ секое полугодие, заедно се сликаа и во владиниот авион и сметаме дека е време заедно ја проверат својата доверба или недоверба на граѓаните кон нив и да си дадат оставка како чин на одговорност за нивните неуспешни политики, кажа Милошоски.