Милошоски: Три месеци по 1000 денари за пензионерите е симболичен гест

од Nikola Popovski
206 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вели еднократната помош од 1000 денари за пензионерите во наредните три месеци е симболичен гест.

-Најзагрозени се оние со ниски пензии, студентите и социјално загрозените случаи. Овие 1000 денари се капка од тоа што е зголемено во изминатиот период. За една година, едно семејство со двајца пензионери троши по 25.000 денари за сметки. Овие 1000 денари се симболичен гест. Сепак мило ми е тоа што СДСМ и ДУИ им го одземаа на пензионерите во 2017 година, им го вратија денес, вели Милошоски во Дневникот на ТВ Сител.

На прашањето дали ја знаел информацијата што ја изјави претседателот Стево Пендаровски за почетокот на рускиот напад врз Украина, Милошоски вели дека тој и неговата партија не знаеле за ова.

-Доколку Пендаровски знаел уште од 5-ти ноември за руската агресија, требало да реагира и да набавиме доволни резерви за потребите на граѓаните, додаде Милошоски.

Слични содржини