Милошоски закажа седница на Комисијата за надворешни работи, ќе се расправа за Бугарија

од Берта Китинска
224 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој е претседател на Комисијата за надворешна политика, за во среда закажа седница на ова собраниско тело чија тема на дневен ред е заземање национален став за бугарските позиции.

„Закажана е Комисијата за надворешна политика за утре во 11ч.Македонија мора да изгради заеднички став и национални црвени линии наспроти меморандумот на Бугарија!Достоинството и самобитноста на македонскиот народ е европска културна и јазична вредност и затоа ЕУ треба да отвори преговори за членство без прифаќање на дополнителни уцени и притисоци“ , напиша на својот Фејсбук Милошоски.

Свикувањето на оваа седница, беше  најавено од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски додека одговараше на прашања преку вклучување во живо на Фејсбук.

„Ние како партија, преку пратеникот Антонио Милошоски кој е претседател на собраниската комисија за надворешни работи, во текот на следната недела ќе свикаме одржување на седница во рамките на парламентот, на која што ќе може отворено да се разговара за македонските црвени линии, ќе бидат поканети политичари од власта, како и министерот за надворешни работи и Зоран Заев, па ќе можат отворено да зборат за сето тоа што го лажеа македонскиот народ изминативе четири години дека имаат загарантирана европска перспектива“, истакна Мицкоски.

Слични содржини