Милтон ослабе на бура од прва категорија, на Флорида и понатаму вонредна состојба

од Vladimir Zorba
36 прегледи

Ураганот Милтон ослабе до тропска бура од прва категорија, со ветрови од 144 километри на час, но во делови од Флорида се уште е на сила вонредната состојба, соопшти денеска Националниот центар за урагани.

Центарот на бурата се наоѓал на околу 60 километри југозападно од Орландо, а се движел во правец исток-североисток со брзина од околу 25 километри на час, соопшти Националниот центар, пренесе NBC News.

Ураганот дошол на копно како бура од трета категорија во близина на градот Сиеста Ки на западниот брег на Флорида, но до 1 часот по полноќ ветровите со сила на урагани почнале да стигнуваат до брегот на Атлантскиот Океан на државата.

Поради штетата предизвикана од ураганот, дошло до прекин на водоводната мрежа што влијаела на користењето на водата за пиење низ Сент Питерсбург.

Официјални лица рекоа дека исклучувањето се очекува да трае додека не се завршат неопходните поправки, објави ABC News.

Слични содржини