338
Во пресрет на годишните награди за новинарски стории, Институтот за медиуми, донесе одлука да го реконцептира начинот на доделување на наградите, и за новинарските работници оформи три категории за аплицирање и добивање на награди. Имено, најпрво се работи за тоа што МИМ конкурсот го наслови „НИКОЛА МЛАДЕНОВ“, а во продолжение на тоа, категориите на кои ќе можат новинарите да аплицираат се: истражувачка сторија, новинарски производ и репортерска фотографија.
Во пресрет на одбележувањето на 20-годишнината од основањето на МИМ и воведувањето на новинарските награди за најдобра истражувачка сторија, Македонскиот институт за медиуми го редизајнираше концептот на наградите. Целта на МИМ е и потаму да ги поддржува и да ги наградува најдобрите истражувачки стории, истовремено отворајќи можност за поддршка и за афирмација и на други форми на новинарско изразување. Од 2021 година, конкурсот ќе биде насловен „Новинарски награди НИКОЛА МЛАДЕНОВ“. Ќе се доделуваат три годишни награди, во следните категории:
Нajдобра истражувачка сторија
Најиновативен новинарски производ
Најдобра репортерска фотографија