Минатата година во Италија се родени само 370.000 бебиња

од Milan1
15 прегледи

Италија бележи рекордно ниска стапка на наталитет, што има многу негативно влијание врз пазарот на производи за деца, а компаниите се принудени да се прилагодат на новата старосна структура на земјата.

Минатата година во Италија се родени само 370.000 бебиња, што е најнизок број во историјата, а оваа земја со стапка на фертилитет од 1,18, што е под нивото на проста репродукција на населението, се соочува со една од најдлабоките демографски кризи во Европа.

Некогашната повоена експанзија на индустријата за колички, креветчиња и играчки во италијанската покраина Бергамо денеска се сведува на преживување, а во некогашното индустриско јадро опстанаа само два производители на опрема за деца.

Демографијата го менува пазарот и опстанокот на компаниите сега зависи од тоа колку брзо и паметно можат да се прилагодат на новата старосна структура на Италија, која денеска има највисока просечна возраст во ЕУ – 48,7 години.

Слични содржини