Минатото продолжува да го прогонува претседателскиот кандидат Доналд Трамп, излегуваат на виделина обвинувањата дека тој ја силувал поранешната сопруга Иванна во 1989-та година. Овие обвинувања испливаа на површина по нивниот развод од 1991 година, но беа отфрлени како невистинити.

Иако Трамп и понатаму тврди дека не крие ништо од неговиот приватен живот, обвинувањата за силување повторно се појавија во јавност- во новиот документарец на Channel 4-The Mad World Of Donald’. Филмот ја прикажува неговата претседателска кампања во земјата, на патувања, разговорите со луѓе кои му даваат поддршка, но и критичарите, т.е некои блиски соработници.
Еден од интервјуираните е и Хари Хурт, новинар кој во својата книга ‘Lost Tycoon: The Many Lives of Donald J. Trump’ детално го опишува нападот на Трамп кога сексуално ја малтретира својата сопруга.
Портпаролот на Трамп ги демантираше обвинувањата, кои биле изнесени злонамерно, поради уцени за многу пари, а се повикува и на Ивана која самата го сменила исказот. Но, според нејзините блиски пријатели, таа ситуацијата ја опишала како силуваање, а подоцна се испостави дека Трамп не се однесувал најдобро со неа, далеку од сите нежности.
Но и покрај тврдењата од неговиот кабинет дека силувањето во брак не постои, сепак американските медиуми потсетуваат дека има уште многу прашања на кои Трамп треба да даде одговор.