MINI го пoкажа серискиот Cooper SE Cabrio

од Vladimir Zorba
162 прегледи

По прототипот претставен во јуни минатата година, MINI сега го покажа и серискиот Cooper SE Cabrio, кој ќе биде достапен за европските клиенти од април. Но, само во ограничена серија од 999 примероци.

150 примероци се наменети за британскиот пазар каде ова MINI чини дури 52.500 фунти.

Автомобилот го придвижува електромотор со 135 kW/184 КС, забрзувањето од 0 до 100 km/h е 7,3 секунди, додека со едно полнење на батеријата од 32,6 kWh може да помине 201 km (според WLTP).

Полнењето од 10 до 80 проценти капацитет трае 36 минути на брз полнач.

MINI Cooper SE Cabrio е долг 3863 mm, широк 1727 mm и има волумен на багажникот од 160 литри.

Исто така, треба да се напомене дека отворањето на покривот трае 18 секунди, при брзина до 30 km/h.

White Silver i Enigmatic Black боја им се достапни на клиентите, а меѓу другото има плакета од 1/999, Bronze Resolute детали, 17-инчни алуминиумски тркала, кожни спортски седишта, хед-ап дисплеј, Harmon Kardon стерео, навигација и активна контрола на патувањето.