Минијатурен Шпанец го освојува пазарот: Идеален за градско возење со заменливи батерии (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
411 прегледи

Шпанската компанија Silence го претстави електричниот автомобил на четири тркала S04, кој ја „јакне“ нивната линија на е-скутери (S01, S02 и S03).

Минијатурното возило е идеално за градското опкружување, се полни на стандардна електрична мрежа, а има и заменливи батерии.

Долг е 2,33 метри што го олеснува маневрирањето низ улиците и паркирањето на мал простор.

Дизајнот е модерен, а S04 располага со LED групи на светла, електрични прозорци, клима уред, ABS и дигитален клуч (се отвора со помош на апликација).

Компанијата нуди две верзии со различни единици и капацитет на батеријата. Првиот е L6e, кој произведува 8 КС и максимална брзина од 45 km/h, пренесува Carscoops.

Помоќниот модел L7e го придвижува електричен мотор со 19 КС, максималната брзина е 90 km/h, додека може да се поминат 149 километри со едно полнење.

Слични содржини