Минималната плата во Грција зголемена на 650 евра

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас објави 11% зголемување на минималната плата за време на состанокот на владата – првото вакво зголемување на платите во земјата по речиси една деценија, соопштува весникот „Катимерини“.

Минималната плата од 586 стигнува до 650 евра и се очекува да има влијание на 600.000 вработени. Тој, исто така, рече дека владата ќе ја укине таканаречената минимална плата од 518 евра за младите вработени.

Ципрас објасни дека ова е чекор кон „отстранување на неправдите“ од периодот кога кредиторите ја спасуваа Грција. Стандардна минимална месечна плата е
намалена за 22% на 586 евра во 2012 година, кога Грција се бореше да излезе од рецесијата.

На работниците под 25 години им беше наметнато поголемо намалување, а дел од мерките се пропишани од меѓународните кредитори за да го направат пазарот на трудот пофлексибилен и економијата поконкурентна.

Атина им вети на своите европски кредитори дека ќе го обнови процесот на минимална плата по завршувањето на планот за спасување.