Министерка од македонско потекло поднесе оставка поради злоупотреба на сигнални светла

од Илинка Илиоска
177 прегледи

Словенечката министерка за дигитална трансформација, Емилија Стојменова-Дух, родена во Македонија, поднесе оставка поради силниот притисок од јавноста за неовластено користење сигнални светла на нејзиниот службен автомобил во Австрија.

Според информации од словенечката национална телевизија, за нејзиниот случај денеска требало да се расправа во парламентот и да се гласа за доверба, но премиерот Голоб ги известил пратениците дека таа веќе ја поднела оставката. Стојменова-Дух се најде во центарот на јавната дебата поради наводни неправилности при набавка на 13.000 компјутери, како и за случајот со сигналните светла, кои ги вклучила за да избегне сообраќајен метеж и да стигне до авион за Женева.

Таа, која ги негираше овие наводи, е родена во Виница и се преселила во Словенија како тинејџерка. Пред две години, беше назначена за министерка за дигитална трансформација во владата на Роберт Голоб.

Слични содржини