286
Министерката за надворешни работи на Перу, Елизабет Астете поднесе оставка во неделата, откако призна дека била вакцинирана против коронавирусот на 22 јануари, пред да започне националната програма за имунизација.
Според „Ројтерс“, претседателот Франциско Сагасти изјавил дека е огорчен и лут поради тој настан.
Астете е втор член на владата што поднесе оставка, откако истото го стори и министерката за здравство, Пилар Мацети.
Мацети поднесе оставка откако беше откриено дека поранешниот претседател Мартин Викара, кој беше отпуштен поради обвиненија за корупција, ја примил вакцината против коронавирус.
Перу е сериозно погоден од пандемијата на коронавирус, а здравствениот систем на земјата е преоптоварен.