Министерката Божиновска: Финализирана е постапката за отпуст од бугарско државјанство

од Milan1
162 прегледи

Повеќе немам бугарски пасош и затоа не го пријавив, вели министерката Сања Божиновска во допис до јавноста по реакциите зошто сокрила дека поседува и бугарско државјанство.

„Поради транспарентноста за која сите се залагаме сакам да појаснам дека првиот пат кога добив прашање од новинарите беше дали поседувам бугарско државјанство, мојот одговор беше не, бидејќи процедурата за отпуст од истото беше финализирана од моја страна, неколку месеци пред воопшто да добијам можност да бидам министерка во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“. Дополнително, јас веќе ја информирав јавноста дека пасошот со кој располагав е со истечен рок на важност, а од моја страна никогаш не беше поднесено барање за негово продолжување. Ова говори повеќе од јасно за мојата одлучност да се откажам од бугарското државјанство, кое, како што посочив претходно, го поседував исклучиво заради моите деловни активности на територијата на ЕУ. Имајќи го сето ова предвид, јас навистина не би можела да наведам во биографијата дека поседувам бугарско државјанство и пасош.

Од друга страна, сакам да истакнам дека, очигледно, поради актуелизирањето на прашањето во врска со македонско-бугарските односи, потпополно сум свесна дека ова има чувствителна природа и сакам да посочам дека целосно го разбирам интересот на новинарите и јавноста. Оттука останувам целосно транспарента и ја објаснувам ситуацијата веќе трет ден по ред“, истакнува Божиновска

Пред неколку дена 360степени.мк објави дека таа поседува бугарско и чешко државјанство, но дека тоа не го навела во биографијата.

Слични содржини