Гасоводот „Северен тек 2“ во моментов не е во согласност со европските закони и затоа не може да биде одобрен сега.
Ова го изјави министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок.
„За ова разговаравме во рамките на коалициските преговори и во коалицискиот договор пропишавме дека европскиот закон за енергетика е на сила за енергетските проекти, вклучително и „Северен тек 2“. Тоа значи дека овој гасовод во моментов не може да биде одобрен, бидејќи не е во согласност со барањата на европското енергетско право“, изјави Бербок во интервју за ЗДФ, без да прецизира што не е во согласност со правото на ЕУ.
Според неа, тука е и прашањето за безбедноста, пишува „Спутник“.
„Уште претходната влада разговараше со Американците дека овој гасовод не може да се приклучи на мрежата (европскиот енергетски систем) со понатамошна ескалација. Јас го користам условниот метод, бидејќи сега сме во фаза кога сакаме да направиме се за да ги рестартираме преговорите. Преговорите се најдобриот и најбезбедниот начин да се избегне понатамошна ескалација“, додаде министерката.
Таа сепак не прецизираше за какви преговори станува збор.