Министерот Бочварски додели социјални станови во Демир Капија

од Radmila Tasevska
337 прегледи

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на АД за стопанисување со станбен простор Зоран Ѓорѓиев, попладнево доделија социјални станови во Демир Капија.

-Оваа зграда вредна 36 милиони денари, има 16 стана. Досега се изградени и во фаза на изградба се преку 860 станови на ниво на држава. Во петок ќе се објави јавен повик за доделување на социјалните станови од новоизградената зграда во Неготино, а потоа следува постапката за доделување на станови во Велес. Сите станови што не се доделени, од најразлични причини, како некомплетни документи и слично,  ќе одат на станбена комисија при Влада и дополнително ќе се распределат, појасни министерот.

Тој ги нагласи заложбите, континуирано да се води сметка за семејства и поединци во социјален ризик, обезбедувајќи им кров над глава и достоинствен живот.

Задоволство од доделувањето на становите изразија демиркапијци кои добија дом, како и градоначалникот Лазар Петров.

-За нас, за Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, секоја нова социјална зграда има огромно значење. Становите се еднособни, со квадратура од 38 до 48 квадратни метри. Објектите согласно нашата досегашна пракса, имаат одреден број станови наменети за инвалидизирани лица, рече Ѓорѓијев.

Слични содржини