Министерот Кулеба достави предлог до Зеленски за прекин на односите со Иран

од Stefanija Kuzmanovska
154 прегледи

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, денеска изјави дека ќе му предложи на претседателот Владимир Зеленски Киев да ги прекине дипломатските односи со Техеран поради испорака на оружје за Русија.

Кулеба на прес-конференција рече дека Техеран сноси целосна одговорност за уништувањето во Украина и додаде дека Киев ќе испрати официјална нота до Израел со барање итна испорака на противвоздушна одбрана и соработка во тој сектор, пренесе „Ројтерс“.

На крајот на септември, иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан изјави дека Техеран не поддржува ниту една страна во конфликтот во Украина и е против испорака на странско оружје и за Киев и за Москва, наведе ТАСС.

Слични содржини