Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, потпишал договор за соработка со компанијата „Арбрија дизајн“ од Тетово, која во минатото беше цел на обвинувања токму од партијата на Муртезани, Алтернатива – за блиски врски со ДУИ и сомнително добиени зделки во државни институции.
Договорот е потпишан пред повеќе од три месеци, на 23 април, и е во вредност од 500.000 денари (околу 8.000 евра) со вклучен ДДВ. Се однесува на набавка на печатени и промотивни материјали за потребите на Министерството, како брошури, книги со лого, пенкала, УСБ-а, торби, знамиња и промотивни паноа.
Оваа компанија во минатото, кога добиваше милионски суми во зделки со и без тендери во владата на ДУИ и СДСМ, беше жестоко критикувана токму од Алтернатива и коалицијата „Вреди“, но и од самиот Муртезани, за доминација во тендерите на институциите и за клиентелизам.