Министерот од Саудиска Арабија во Велика Британија потврди дека алкохолот ќе биде забранет на Светското првенство во фудбал во 2034 година. Калид бин Бандар Ал Сауд најави целосно укинување на алкохолните пијалоци.
„Овде апсолутно нема алкохол, ние сме 100 отсто сува земја што се однесува до климата и алкохолот. Не дозволуваме конзумирање на вакви пијалоци, но ве уверувам дека можете да се забавувате и без тоа. Алкохолот навистина не е потребен. Ако сакате да пиете, слободно можете да го сторите тоа кога ќе ја напуштите Саудиска Арабија“, изјави политичарот роден во Париз за лондонски „ЛБЦ“.
Ваквите тврдења значат дека Саудијците нема да бидат ни најмалку попустливи, за разлика од Катарците кои продаваа алкохолни пијалоци во одредени области на Светското првенство во 2022 година.
Според организаторите, најголемиот светски фудбалски настан во 2034 година ќе се игра на 15 стадиони во пет градови. Тоа се Ријад, Џеда, Абха, Ал Хобар и Неом (град во северозападниот дел на земјата кој допрва треба да се изгради).
Аргентина ја освои третата титула на Светското првенство во Катар, совладувајќи ја Франција на пенали (3:3, 4:2 на пенали).
Најмногу првенства има освоено Бразил, кој во пет наврати се искачи на „врвот на светот“ (1958, 1962, 1970, 1994, 2002 година).