Министерот на Трамп објасни зошто тој им воведе царини на островите каде живеат само пингвини

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Американскиот министер за трговија ја бранеше одлуката на САД да воведат царини на група ненаселени острови каде живеат само пингвини и фоки. Станува збор за австралиска територија во јужниот дел на Индискиот Океан, околу две третини од патот од Мадагаскар до Антарктикот.

Тарифите на островите Херд и Мекдоналд беа воведени, рече Хауард Лутник за CBS, за да се „затворат апсурдните дупки во системот“ и да се спречат другите земји да испраќаат стоки преку островите за да стигнат до САД.

Инаку, островите се едно од најоддалечените места на земјата и немаат постојани жители, но се дом на голем број пингвини и морски птици. Според податоците на Светската банка, Европската унија веќе применува царини на овие острови.

Австралиските власти минатата недела беа изненадени кога открија дека царините биле воведени и на оваа територија. Австралискиот министер за трговија Дон Фарел изјави за ABC дека тоа е „јасна грешка“ и дека сè укажува на „избрзан процес на воведување тарифи“.

Но, на прашањето зошто австралиската територија е вклучена во тарифната листа на Трамп, Лутник рече: „Ако оставите нешто надвор од списокот, земјите кои се обидуваат да го искористат системот преку тие територии ги користат како кратенки до нас. Претседателот го знае тоа, тој е уморен од тоа и тој е решен да го спречи тоа“.

Според податоците на Светска банка, овие острови во последните години извезувале мали количества производи во САД. Но, во 2022 година, САД од оваа територија увезе стока во вредност од 1,4 милиони долари, речиси исклучиво во категоријата „машина и електрична опрема“, без прецизни спецификации.

На списокот на Трамп се најде и британската територија на Индискиот Океан, која е населена исклучиво со воен персонал и потребна е дозвола за посета. Според податоците на Светска банка, на таа територија во 2022 година во САД се извезени стоки во вредност од 414.350 долари.

Иако овој потег на прв поглед изгледа апсурден, наметнувањето царини на ненаселена територија не е нужно бесмислено од правен, политички или економски аспект.

Тарифите често се воведуваат автоматски врз основа на класификацијата на земја или царински регион, без разлика дали има физичко население или активна трговија. Доколку САД воведат универзални царини на сите странски територии, тогаш се избегнува исклучувањето на помалите субјекти. Иако територијата нема жители, таа е управувана од Австралија, а самата територија има ексклузивна економска зона (ЕЕЗ).

Дополнително, регионите без царински бариери можат да станат упориште за офшор производство во иднина. Една компанија може да регистрира складиште и од таму „технички“ да извезува стока за да избегне царина од Австралија или Азија.

Слични содржини