Министерот за финансии на Украина: Потребни се 5 милијарди долари меѓународна помош месечно

од Vladimir Zorba
208 прегледи

Украинскиот министер за финансии, Сергеј Марченко изјави дека на Украина и треба најмалку пет милијарди долари месечно како меѓународна помош за покривање на трошоците на земјата.

На средбите со високи американски претставници во Вашингтон, Марченко рече дека Украина очекува да добива две милијарди долари месечно од САД за покривање на итни трошоци во април, мај и јуни, пишува UNIAN, цитирајќи го Вашингтон пост.

Севкупно, на Украина и се потребни најмалку 5 милијарди месечно.