200
„Украинската армија уништи 50 руски складишта за муниција користејќи американски ракетни системи ХИМАРС“, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.
„Овој потег ги пресекува руските логистички канали и го оневозможува нивното вклучување во активна борба. Во исто време, ја штити и нашата армија од тешко гранатирање“, рече Резников.
Ројтерс наведува дека не може самостојно да ја потврди изјавата на Олексеј Резников за користењето на системот ХИМАРС, а Москва се уште не коментирала.