Над 216 илјади пасоши со бугарско државјанство се издадени на граѓани на Република Северна Македонија, објави денес министерот за внатрешни работи Даниел Митов.
„Во периодот од 1 јануари 2007 година до 17 јуни 2025 година издадени се 216.594 пасоши на бугарски државјани за кои има информации за второ државјанство на Република Северна Македонија“, изјави министерот за внатрешни работи. Министерот Митов нагласи дека „основата за издавање бугарски пасош произлегува од стекнувањето на бугарско државјанство од страна на лицата“.
Според Законот за бугарски лични документи, пасошите се издаваат само на бугарски државјани.