262
Министерот за внатрешни работи на Франција Жералд Дарманен изјави денеска дека се можни „многу големи тензии“ на денот на првиот круг од вонредните парламентарни избори, но оцени и дека нема ризик од терористички напади.
„Можно е да има исклучително големи тензии“, изјави Дарманен за француското радио „РТЛ“.
Тој рече дека властите се подготвуваат за „силно запалива“ ситуација за време на гласањето во недела, на 30 јуни, што е на помалку од еден месец пред почетокот на Олимписките игри во Париз.