Министерот за внатрешни работи на Косово: Владата на Србија го финансира тероризмот

од Илинка Илиоска
410 прегледи

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља денеска изјави дека во време кога српската влада го финансира тероризмот, неопходно е да се инвестира во безбедна иднина на Косово, пренесе Бета.

Свечља на Фејсбук објави дека заедно со високи претставници на Министерството за одбрана на Косово и на косовската полиција го посетил најголемиот саем на безбедносната индустрија „Евросатор“ во Париз.

„Ќе го посетиме саемот со цел да ја подобриме нашата армија и полиција. Во овие тешки времиња со многу предизвици за демократијата и безбедноста ширум светот и со влада како што е српската, која го поддржува и финансира тероризмот, потребно е инвестирање во сигурна иднина“, напиша тој.

Слични содржини