Словачкиот министер за здравство Марек Крајчи изјави дека поднел оставка откако две коалициски партии го условија нивното останување во владата со неговото заминување.
Премиерот Игор Матовиќ рече дека Крајчи требало да поднесе оставка само доколку започне вакцинацијата со „Спутник V“, објави ТАСР.
Словачката владејачка коалиција составена од четири партии падна во криза поради набавката на руската вакцина, бидејќи делови од владејачката структура сметаа дека не треба да се купува затоа што не беше одобрена од Европската агенција за лекови, пренесува „Танјуг“.