Министерство за финансии: Неправосилна е одлуката на Управниот суд за аукциите

од desk3
96 прегледи

Одлуката на Управниот суд по прашањето на аукциите на државни хартии од вредност е неправосилна, наведува Министерството за финансии во реакција на денешната изјава на дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов.

jankulovska-so-stavreski-499x400

Министерството за финансии и министерот за финансии, се вели во реакцијата, веднаш штом ја добија оваа одлука доставија навремена жалба до Вишиот Управен суд. – Со оглед на тоа дека одлуката на Управниот суд се уште не е правосилна, во сила е одлуката на Државната изборна комисија дека дополнителниот заменик министер нема право на вето на аукциите на државни хартии од вредност, наведува Министерството за финансии.

Наумов за новото задолжување: Без моја согласност за утре е закажана аукција на хартии од вредност

Издавањето државни хартии од вредност, нагласува ресорното Министерство, е редовен процес за финансирање на буџетот, кој се практикува во секоја земја и кој е предвиден и усвоен со Буџетот на Република Македонија. Досега реализираните аукции се во рамки на предвиденото со Буџетот за 2016 година, стои во реакцијата./МИА