Министерство за одбрана: МО: Зошто кога СДСМ беше на власт не понуди ниеден проект за АРМ?

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Министерството за одбрана по неколкуте обиди на СДСМ за дискредитација на сето она што министерството и владата го преземаат за унапредувањето на стандардот на припадниците на АРМ, воопшто не е изненадено што повторно во јавноста се презентираат празни зборови без основа во реалноста, велат од МО.

ministerstvo za odbrana

„Во однос на целокупниот капитален проект „АРМ – мој вистински дом“ и сето она што досега е направено, единствено оваа партија припадниците на АРМ ги поистоветува со бројки. Очигледно, принципот на јавност, отвореност, транспарентност и еднакви можности за сите припадници на АРМ, на членовите на СДСМ им е апсолутно непознат“, реагираат од МО на прес конференцијата на СДСМ.

„АРМ- мој вистински дом“, според Министерството, нуди можности за припадниците на АРМ како никогаш досега во 24-годишната историја на Армијата.

 „Условите под кои секој припадник на АРМ може да го реши своето круцијално, станбено прашање се исклучително позитивни. Цената на квадратен метар за стан изграден со највисоки стандарди е далеку пониска од пазарната. Излеговме во пресрет на припадниците на АРМ и на нивно барање го намаливме процентот на учество од 30% на 20%. Овозможивме плаќање на 20 години, притоа покривајќи ја месечната камата, како и трошоците за земјиштето, комуналиите, проектот…

Ние одговорно тврдиме дека секој припадник на АРМ може да биде дел од овој проект. И околу 300 припадници веднаш препознаа дека ова е вистинскиот начин да им се реши станбеното прашање. Ако има поголем интерес, ќе се градат и повеќе станови“, соопшти Министерството за одбрана.

Отаму прашуваат зошто опозициската партија кога беше предводник на владата не излезе во пресрет на припадниците на АРМ со ниту еден проект и зошто тогаш не понудија начин за решавање на ова горко прашање за војниците.