Министерство за одбрана од Москва: Руската армија целосно се повлече од Херсон

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Руското Министерство за одбрана објави дека го завршило повлекувањето на своите војници од западниот брег на реката Днепар во јужниот дел на украинската област Херсон.

Министерството соопшти дека повлекувањето е завршено во 5 часот утринава и дека армијата не оставила зад себе никаква опрема.

Руската армија се повлече и од градот Херсон, единствениот регионален главен град што Москва го зазеде за време на инвазијата на Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека Москва продолжува да го гледа Херсонскиот регион како дел од Русија.

Непосредно пред руското соопштение, кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша ситуацијата во регионот Херсон како „тешка“.

Во извештајот се вели дека Русија гранатирала некои села и градови кои ги вратија украинските сили во последните недели за време на нејзината контраофанзива во регионот Херсон.

Во своето синоќешно редовно обраќање, Зеленски рече дека украинските сили повторно зазеле повеќе од 40 области околу градот Херсон, предупредувајќи дека руските сили оставиле зад себе „илјадници неексплодирани бомби и муниција“.

Околу 170.000 квадратни километри земја е покриена со мини, рече тој.