Министерство за здравство ќе издава сертификати за вакцинираните граѓани

од Andreja Salpe
659 прегледи

Министерството за здравство ќе издава сертификат за лицата кои примиле вакцина и ревакцина со којашто ќе можат непречено да патуваат. Оттаму велат, сертификатот ќе има QR код и ќе биде на македонски и на англиски јазик.

„Министерството за здравство ќе издава потврда со QR code, на македонски и англиски јазик. Сертификат ќе добијат сите граѓани кои примиле вакцина со ревакцина и имаат потреба од сертификат. Насоките за изработка на овој сертификат се од Europe Health Network на Европска Комисија, каде предвидоа сет на податоци кои ги содржи кодот односно тој сертификат, а тоа се – име и презиме, датум на вакцина и ревакцина, како и тип на вакцина. На сертификатот, исто така ќе има и дигитален печат од Министерството за здравство“, велат од Министерството.

Инаку, по барање на граѓанинот, сертификатот ќе може да се добие и како потврда и во електронска форма.

Претходно и Србија најави дека вакцинираните граѓани ќе добијат дигитални ковид сертификати, а премиерката Ана Брнабиќ рече дека Србија воспоставила одличен ИТ систем од почетокот на процесот, кој овозможува издавање на електронски сертификати што треба да овозможат патување на вакцинираните граѓани.

Во Србија се вакцинираа и над 10.000 македонски граѓани.

Слични содржини