Министерство за здравство: Вкупно 478 пациенти се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје

264 прегледи

Сомнителни и потврдени Ковид случаи, вкупно на број 478 се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје, соопшти денес Министерството за здравство.

Само во изминатите 24 часа на интерните клини биле примени 19 лица, од кои тројца биле хоспитализирани во Институтот за белодробни заболувања. Од останатите, тројца се примени во ковид Центарот на Клиниката за неврологија, двајца на ОРЛ, двајца на Клиниката за дерматовенерологија, осум пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и еден на очната клиника.

Министерството за здравство информира и дека во ГОБ „8. Септември“ биле примени 12 пациенти, од кои еден бил ставен на респиратор. Што се однесува до инфективната клиника, таму во изминатото деноноќие биле примени 18 пациенти.

Во оваа статистика на МЗ, во изминатото деноноќие регистрирани се 37 пациенти кои биле пуштени дома.

Инаку бројкигте кажуваат дека до овој момент на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, на Клиниката за очни болести 16 пациенти, а на ОРЛ 23 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија пак, лежат 17 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ инаку досега има вкупно 109 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент, од кои 9 деца и 22 возрасни.

-И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Слични содржини