Министерството за економија со предлог во туристичките места сите трговци на мало да можат да работат во недела

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Министерството за економија достави до Собранието на Северна Македонија Предлог за измени и дополнувања на Законот за трговија со кои се дава предлог во туристичките места сите трговци на мало да можат да работат во недела и за време на празници.

Измените и дополнувањата на Законот за трговија се доставени до партениците за нивно разгледување и усвојување во Собранието.

Со овие измени се дава можност на сите туристички места што се пропишани со Закон за туристичка дејност, продавниците и дуќаните во кои се врши трговија на мало да можат да работат и во деновите кои се третираат за неработен ден и државни празници во текот на целата година.
Надоместокот од 100 проценти дневница за работа во недела и празници останува за трговците на мало во туристичките места да ја платат на работниците.

Слични содржини