Министерството за енергетика бара опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини активно работи на воведување системски решенија кои ќе ја зголемат заштитата на граѓаните и ќе обезбедат поголема транспарентност и контрола врз мерењето на потрошената енергија.

Во таа насока, министерката Божиновска бара во најкраток можен рок, Бирото за метрологија да ја стави во функција софистицираната опрема за тестирање и верификација на броилата, која поради неажурност во претходните години останала неискористена и не била ставена во функција, се вели во соопштението.

Слични содржини