Министерството за транспорт и врски објави оглас за распределба на 37 социјални станови во Струмица

од Andreja Salpe
320 прегледи

Министерството за транспорт и врски објави оглас за распределба на 37 социјални станови во општина Струмица во станбенa зградa на улицаЃорѓи Василевброј 44 во Струмица.

Станбената зграда е изградена по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Северна Македонија во општина Струмица, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија

Право на учествоКорисници на социјални станови може да бидат следниве категории на граѓани кои се станбено необезбедени:

  1. Деца без родители или родителска грижалица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители.
  2. Корисници на правото на гарантирана минимална помош.
  3. Лица погодени од елементарниприродни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни  (примарни) живеалишта.
  4. Лица со попреченост и семејства со лица со попреченост.
  5. Лица припадници на Ромската заедница социјално загрозени (согласноСтратегијата за ромите на Република Македонија“)
  6. Самохрани родители со малолетни деца.

Барање за добивање на стан под закуп може да поднесе лице:

  • државјанин на Република Северна Македонија;
  • со постојано место на живеење во општината каде е изграден социјалниот стан и да биде без стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на Република Северна Македонија.

Потребната документација треба да се достави до  Mеѓуопштински центар за социјална работаСтрумица, а рокот за достава е заклучно со 04.06.2021 година.

За лицата кои не се во можност сами да ја комплетираат потребната документација, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Струмица ќе ја обезбеди потребната помош за обезбедување на целокупната потребна документација согласно објавениот оглас.

Социјалните станови ќе се распределат согласно Методологијата за бодирање на кандидати за добивање на социјален стан под закуп составен дел на Одлуката за распределба на социјални станови како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Северна Македонија (“Службен весник на Република Северна Македонијабр.13/20).

Слични содржини