Министерството за транспорт ја издаде дозволата за подготвителните работи за Универзитетот “Маjка Тереза“

Меџити соопшти дека започнува изградбата на кампусот на универзитетот “Маjка Тереза“, капитален проект во вредност од 40 милиони евра

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Во рамките на претставувањето на вториот столб од неговата изборна програма “Образование“, кандидатот за градоначалник на општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, соопшти дека започнува изградбата на кампусот на универзитетот “Маjка Тереза“, капитален проект во вредност од 40 милиони евра, поддржан од Владата, се вели во соопштението од тимот на Меџити.

-Вчера Министерството за транспорт ја издаде дозволата за подготвителните работи за Универзитетот “Маjка Тереза“, што значи дека од вчера започнува реализацијата на проектот, истакна Меџити.

Тој додаде дека сите образовни проекти за новите објекти се предвидени во Деталниот урбанистички план и поседуваат градежна дозвола, а за нив е обезбеден и сигурен финансиски план.