Министерството за здравство: Здравствениот систем е мобилизиран и подготвен за евентуални последици од пожарите

од Milan1
11 прегледи

Во контекст на актуелните пожари што се во тек, Министерството за здравство информира дека здравствениот систем е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици.

-Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се дежурства од стручни кадри и резервирани се транспортни капацитети за итни случаи. Сите релевантни служби се во состојба на зголемена готовност, со јасно дефинирани протоколи за постапување, се наведува во соопштението.

Се следи состојбата на терен и се постапува согласно развојот на настаните, со единствена цел, заштита на здравјето и безбедноста на населението.

Слични содржини